СП 2023: Данска ја одбрани бронзата од последното светско првенство

115

Како и пред две години во Шпанија, така и сега пред своја публика, женската ракометна репрезентација на Данска го освои третото место и бронзениот медал. Во исклучително возбудлива скандинавска пресметка во Хернинг, Данска славеше над соседот Шведска со 28:27 во меч во кој повеќе ја посакуваа и на крајот ја заслужија победата.

Данските ракометарки беа подобри и во првиот дел од мечот кој го завршија со предност од три гола (18:15). Шведка од почетокот на вториот дел успеа да се соземе, полека да ја анулира негативата и во финишот да влезе практично во егал. Данска сепак со гол предност влезе во последните секунди од средбата и на крајот успеа да ја сочува разликата за нова бронза.

Три ракометарки во данскиот тим мечот го завршија со по 5 гола: Јоргенсен, Хојлунд и Ханден, додека кај Шведска по 7 гола постигнаа Блом и Мелегард.

ПретходноФОТО: Калин повторно во друштво на својот идол – Новак Ѓоковиќ
СледноОдермат прв на велеслаломот во Алта Бадија