Македонскиот репрезентативец, Филип Талески беше одличен во финалето во Супер-Купот на Португалија, но за жал неговата партија не беше доволна за победа. Бенфика за кого настапува нашиот ракометар беше совладана од Спортинг Лисабон со 38-34.
Талески беше стрелец на шест гола, што посебно радува, бидејќи Европското првенство во Германија веќе е на прагот. Тој заедно со Филип Кузмановски треба да бидат лидери на теренот на овој шампионат, на кој Македонија ја чека тешка задача бидејќи ќе игра против Франција, Германија и Швајцарија.
Талески на подготовките на македонската репрезентација ќе се приклучи после 20 декември, Бенфика ја чека уште еден меч од домашниот шампионат.