Шон Стрикленд и Дрикус Ду Плесис се степаа за време на настанот UFC 296 во Лас Вегас. Со тупаници ги разрешија недоразбирањата од претходниот ден што се случија на прес-конференцијата.
Шон Стрикленд и Дрикус Ду Плесис имаа жестока вербална размена на прес-конференцијата на која го најавија нивниот меч на УФЦ 297. Она што беше кажано на микрофонот беше брутално, а Стрикленд беше означен како губитник во војната на зборови.
Во салата за време на настанот UFC 296 настана хаос и тепачка, а се степаа токму Стрикленд и Ду Плесис.
„Летаа“ тупаници, реагираше и полицијата која на крајот го изнесе Стрикленд од салата. Снимката стана вирална на социјалните мрежи и изгледа дека Ду Плесис претрпел сериозен ќотек.
View this post on Instagram
View this post on Instagram