Екипата на Милан ги впиша бодовите против Монца во 16.коло на Серија А. „Росонерите“ славеа со 3:0 на својот „Сан Сиро“, a два гола постигнаа во првото полувреме.
Уште во третата минута резултатот го отвори Тијан Рејндерс по убав соло продор. Во 41 минута на асистенција на Леао, погодок постигна напаѓачот роден во Германија, а со српски корени Јан-Карло Симиќ кој го замени повредениот Побега во дваесеттина минути претходно.
Тоа е дебитантски погодок на Симиќ со 18 години и 229 денови е трет најмлад стрелец на гол во дресот на „Росонерите“ по Алберто Палоски и Александре Пато.
Во 76 минута точка стави Ноа Окафор.
Милан е трет на табелата со 32 бода, а Монца е на 11.позиција.