Шефот на Ф1 тимот на Ферари, Фредерик Васур, најави дека новиот болид за 2024 година ќе го претстават на 13 февруари, кога ќе го објават и името на болидот со кој се надеваат дека ќе го предизвикаат Ред Бул во новата сезона.
Ферари стана првиот тим кој го објави датумот на презентација на новиот болид, кој го носи кодното име 676, и ќе биде претставен ден пред Денот на вљубените.
„Презентацијата ќе се одржи на 13 февруари, ден пред Денот на вљубените“, откри Васер. „Останатите детали ќе ги дознаете во текот на тој ден“.