Чави: Сигурно сме најлоши во Европа во реализација на шанси

96

Барселона одново не освои бодови. Овојпат против Валенсија одигра 1:1 на „Местаља“ но се повторува старата болка – реализацијата. Само на овој меч Барса имаше 64 остсто посед на топка, 16 шутеви на гол од кои само еден заврши во мрежата.

Реализацијата на шансите оди тешко и тоа го посочи тренерот Чави.
Мора да сме едни од најлошите тимови во Европа во реализација на шансите“, изјави Чави.

И во право е. Барселона е втора на таа листа, во досегашниот дел од натпреварите во Ла Лига фудбалерите упатиле вкупно 275 шутеви на противничкиот гол, а реализирале само 31 гол. Тоа е успешност од 11,27%.
Само Наполи има полош ефект од нив (9,96%).
На спротивната страна, најуспешни во тој поглед се Баерн со успешност од 17%, па ПСЖ со 15,76%, Баер Леверкузен 16,52%…
Мораме да бараме повеќе од себе, ни претстои долг пат, имаме се што ни треба освен реализацијата, а потоа сме казнувани поради тоа. Мораме да бидеме самокритични бидејќи не настапуваме на нивото кое се бара од нас.

И покрај се, тренерот најде знаци на оптимизам. „Тимот прави многу за да победи во натпреварите, мораме да се подобриме и да бидеме повеќе инспирирани. Зависи од самодовербата, ни недостасува самодоверба да постигнуваме голови, но јас му верувам на тимот и ќе се подобри“, се правдаше тој.

ПретходноЛајпциг го испрати Форсберг во МЛС лигата
СледноБрињоне триумфираше во супервелеслаломот во Вал д’Изер