Чаир 2030 ја доби драмата со Феникс

132

На последниот меч од 12 коло во Првата лига, Феникс по тешка битка беше поразен од Чаир со 74-70. Домашниот тим без помошта на Андреј Митревски и Бојан Трајковски одигра достоен дуел, но тоа не беше доволно за победа.

Победникот беше решен во самиот финиш, во кој гостите подобро се снајдоа. По слободните фрлања на Ивица Димчевски за 70-72 на 43 секунди до крајот, на теренот беше вистинска брканица во која Корберт иако не беше перфектен изведувач на слободни фрлања, сепак заврши работи и ги постави конечните 70-74.

Токму Корберт со 27 поени и 18 скока беше лидер кај победникот, зад него беше Мофит со 15 поени, два помалку запиша  Какруки. На другата страна Џонс имаше 19 поени, Рис беше стрелец на 17 поени и 9 скока.

Чаир има осум победи и четири порази, и се наоѓа на петото место, додека пак Феникс го запиша шестиот пораз, има уште толку победи.

ПретходноДва поништени гола и убедлива победа за Баерн
СледноМурињо јавно му се извини на Санчез: И мене ми беше тешко!