Синоќа се одиграа неколку натпревари во НБА. Уште еднаш во центарот на вниманието беше тинејџерот Виктор Вембањама кој испиша историја. Имено тој е првиот тинејџер во НБА лигата кој има осум врзани дабл – дабл. Претходно рекордот го држеше Двајт Хауард со седум во таа 2005 година.
Сепак Сан Антонио доживеа дебакл, бадијала добрата игра на Вембањама зошто неговиот тим беше поразен со неверојатни 110:146 од Њу Орлеанс.
Чудно, но вистинито. Стеф Кари после 1.865 денови или 268 натпревари, остана без тројка. Шутираше осум пати најдобриот играч на Голден Стејт и не погоди. Но сепак неговиот тим славеше против Портланд со 118:114 како гости.
На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:
Бостон – Орландо 114:97, Милвоки -Хјустон 128:119, Феникс – Вашингтон 112:108.
Кога сме кај Милвоки да кажеме дека Јанис Адетокумбо со 17 скокови сега е најдобриот скокач на “Бакси“ во историјата.