Манев ја заврши авантурата во Осијек, турскиот тим ја активираше клаузулата

3462

Македонскиот репрезентативец, Јован Манев се враќа во редовите на Адана Демиспор. Турскиот клуб одлучи да ја активира клаузулата од договорот Осијек и предвреме да го повлече својот фудбалер.

Дефанзивецот одигра седум меча за хрватскиот прволигаш каде поради повреда не беше во конкуренција.

„Одлуката беше искучиво на Адана, така е склучен договорот со Осиек. За мене беше чест да играм за Осиек, но Адана е мојот клуб за кој сум обврзан со повеќегодишен договор. Поради тоа е јасно е дека ја прифатив нивната одлука, особено што многу ми помогнаа во мојата досегашна кариера. Дадов се од себе овде и жалам што не добив повеќе настапи во ХНЛ поради проблемот со тетивата. Се надевав дека резултатски ќе бидеме поуспешни, квалитетот секако е тука, но некако западнавме во криза. Тоа е фудбалот“, изјави Манев. 

ПретходноЈувентус го продава Влаховиќ и со парите ќе проба да купи напаѓач на Леверкузен
СледноМилер и Баерн се договорија за едногодишна соработка