Мурињо: На некои луѓе не им е местото во Манчестер Јунајтед

1325

Португалскиот стратег Жозе Мурињо во подкаст на својот поранешен соиграч Џон Оби Микел изјави дека не жали што го тренирал Манчестер Јунајтед меѓу 2016 и 2018 година и дека дал се од себе да го одржи овој клуб конкурентет после ерата на сер Алекс Фергусон.
Не жалам, дадов се за тој клуб. Го сакам клубот и фановите. Мора да ја почитувате историјата на Манчестер Јунајтед. Јас со сета своја сила работев да бидам најдобар во екипата. А го освоивме второто место (во сезоната 2017/18) што се уште е најдобар скор после ерата на Алекс Фергусон, трофејот во Лига Европа (2016/17) се уште е најдобро остварување во Европа во последната деценија… Дадов се од себе. Обично не сакам да се навраќам и да зборувам некои работи. Би зборувал за убавите работи затоа што во спротивно не би се чувствувал комфорно“, изјави португалскиот тренер.

Таму се уште работат луѓе и фудбалери, кои уште додека јас бев таму велев дека со нив екипата никаде нема да стигне. Се уште го имаат Ричард Арнолд како Извршен директор кој е неверојатна личност, а ќе беше убаво да го имав тогаш за Извршен директор кога јас бев тренер (тогаш Арнолд работеше како комерцијалист). За жал тој веројатно ќе си оди“, изјави Мурињо.

Фановите лесно ја препознаваат работата на тренерот. Јас добив аплауз на Олд Трафорд, го препознаа моето залагање – второто место, трофеите во ЛЕ и Лига купот… Затоа не жалам за моето време на Олд Трафорд“, додаде Жозе.

ПретходноКике Санчез Флорес е новиот тренер на Севиља
СледноНовиот Барези во Милан: Бев спремен за ова!