АБА2: Пелистер снема сили кога беше најпотребно!

103

Пелистер прв го отвори третиот „балон“ во АБА 2-лига од македонските екипи. На првата средба битолчани се сретнаа со домаќинот Широки, но за жал не успеаја да дојдат до победа. Беа совладани со 66-75 за четвртти пораз оваа сезона.

Пелистер одигра добро во првото полувреме. По 17-19 за противникот, во вториот период успеа да направи разлика и на одморот да замине со резултат од 37-30. На другата страна Широки поддржан од своите фанови се исправи во третата четвртина која ја доби со 13-22 и во последната четвртина замина со водство од 50-53.

Ова беше најава за изедначена битка во која битолчани повеќе грешеа, им даваа шанси на противничките кошаркар. Реализацијата за слободни фрлања не беше силна страна на Пелистер, па Широки дојде на двоцифрени 60-71 на три минути до крајот. Домаќинот до крајот ги искористи сите подарени топки и шанси, не дозволи да се случи пресврт.

Магдевски имаше 12 поени, на другата страна Нутали запиша 29 поени.

ПретходноШпанец е второто засилување на Македонија Ѓ.П
СледноУЕФА го објави комплетниот распоред за осминафиналето во ЛШ