Адеми по дербито: Грдо е да се види табелата!

701

Динамо на “Максимир“ одигра само 0:0 против вечниот ривал Хајдук. Во тимот на “модрите“ настапија Аријан Адеми и Стефан Ристовски, додека за “билите“ не играше Александар Трајковски поради повреда.

Секако дека во Динамо не се задоволни од ова реми, очекуваа победа со кој и тоа како ќе му се приближеа на својот ривал кој и натаму е на врвот на табелата.

Аријан Адеми по мечот беше крајно нерапосположен, иако тој стана рекордер со најмногу одиграни мечеви во најголемото дерби на Хрватска. Ова за него беше 37 меч против Хајдук.

Грдо е да се види табелата, сите сме свесни дека таа грдо изгледа за нас. Се надевам дека добро ќе се одмориме и дека добро ќе се подготвиме за продолжението од сезоната. Ова можеше да биде и поубаво дерби. Сега имаме 12 слободни денови, јас сум сигурен дека на крајот Динамо може да биде шампион“ рече покрај другото македонскиот репрезентативец.

ПретходноСтоилковска со нов скок од 24 места на ВТА листата, Ивановски со пад на АТП листата од 16 места!
СледноКиеза ја запроси својата девојка: „Таа кажа Да!“