“Ван Дајк нека не заборава дека игра за клуб кој што за 33 години само еднаш бил првак во ПЛ“!

854

Веднаш по најголемото дерби во ПЛ, Вирџил ван Дајк истакна дека не е задоволен од тие 0:0, дека Ливерпул бил подобар и дека заслужил да победи. Рече дека Манчестер Јунајтед го слави бодот а тие се фрустрирани.

На ова свој коментар имаше Рој Кин, иконата на Јунајтед, кој сега работи како стручен коментатор, па му одговори на Ван Дајк:

Кога говори така тогаш тој е арогантен и го омаловажува Манчестер Јунајтед. Треба да го потсетиме дека тој игра за клуб кој што има освоено само една титула во Премиерлигата за 33 години. Да, Јунајтед е во тешка ситуација, како што тоа беше долги години Ливерпул. Таа ароганција му се удри од глава“ посочи Кин.

ПретходноКиеза ја запроси својата девојка: „Таа кажа Да!“
СледноРоберто Карлос на клупата на Косово?!