Мохамед Тарик Бакар е ново име во редовите на РК Вардар 1961. Тој е младински репрезентативец на Тунис, неколку дене веќе тренира со вардарци и потпиша договор со важност со 1,5 година. Значи во Вардар треба да остане до 2025 година. Станува збор за десен бек и сега е на списокот на сениорската репрезентација на својата земја.
Досега играл за неколку клубови во својата земја, а се очекува да биде адекватно засилување на тимот или како опција за денсната бековска позиција каде сега игра Томислав Јагуриновски.