Во РК Вардар не размислуваат за нов голман: Томовски и Гогов се доволни!

2314

Првиот човек на РК Вардар, Борко Ристовски на денешната средба со новинарите отворено зборуваше за првиот дел од сезоната и плановите за преостанатиот дел. Поранешниот македонски репрезентативен голман полека, но сигурно чекори кон својата мисија, а тоа е враќање на Вардар во стабилни патеки.

Целта е да се засилува составот соодветно, не по секоја цена и да се бираат ракометари кои ќе направат разлика на теренот, а истовремено да се дава шанса на македонските ракометари, „рецепт“ кој засега дава резултати.

Веќе се работи на целосен трансфер, односно откуп на договорот на Косуке Јасухира од Висла Плоцк, кој треба да се реализира на средината на јаунари, а желбата е да се продолжи соработката со Милан Лазаревски.

На прашањето дали се пласира и ново голманско име, Ристовски потенцира дека не размислуваат на таков нешт особено кога го имаат Мартин Томовски, кој навистина блеска оваа сезона, а секако покрај него ќе созрева и Васил Гогов.

Ристовски најави и ново спонзорско име и верува дека мисјата полека, но сигурно ќе ја исполнат, не само оваа сезона, туку и во следните. Не крие дека желбата е единствена – титула.

ПретходноУЕФА го објави комплетниот распоред за осминафиналето во ЛШ
СледноНа крајот на годината стигна најважната вест за Пеп Гвардиола