Дарко Костовски: Вие оштетувајте, ние ќе продолжиме да пишуваме МАКЕДОНСКА спортска историја!

3819

 

 

По повод номинациите за “Спортист на Македонија за 2023 година“, селекторот на таеквондо репрезентацијата, инаку градоначалник на општина Бутел, познат спортски работник, Дарко Костовски, вечерва излезе со свој коментар на ФБ профилот.

Тој јавно побара од организаторите да се тргнат од номинациите Дејан Георгиевски, Борче Костовски и таеквондо федерацијата.

За причините за тоа Костовски има свој коментар кој го пренесуваме во целост:

ВИЕ ОШТЕТУВАЈТЕ НИЕ ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА ПИШУВАМЕ МАКЕДОНСКА СПОРТСКА ИСТОРИЈА

НОВ ГОЛЕМ СПОРТСКИ СКАНДАЛ ПРОИЗВОД НА ВРВНА СПОРТСКА НЕПИСМЕНОСТ !

Излегоа номинациите за најдобар спортист на Македонија за 2023 година, уште во самиот старт сакам јавноста да ја известам дека номинациите за: Најдобар спортист Дејан Георгиевски, Најдобар тренер д-р Борче Костовски и најдобра спортска федерација Македонската Таеквондо Федерација, бараме да бидат тргнати од листата на најтесно номинирани во овогодинешниот избор на АМС.

Ако Дејан Георгиевски оваа годима освои сребрен медал на официјални Европски Олимписки Игри во Полска, повторно најголем резултат од едни Европски Олимписки Игри за Македонија до сега. После овој пласман, изборот е јасен, или барем би бил јасен во секоја нормална држава каде што оние што избираат се елементарно спортски писмени.

Имено, според наши информации на многу ефтин и неук начин и оваа година се мести изборот за спортист на годината, спортската неписменост оди до таму што уште во позициите на рангирање се истакнува елементарно спортско непознавање, единствено присутно за жал само во Македонија (ова тврдење подолу во текстот ќе биде поткрепено со крунски аргументи).

Верувам никој не верува во тоа дека изборот го прават федерациите со гласање, ако АМС тврди дека е така нека се гласа јавно ! Но секако нема. Изборот го врши АМС поточно неколку спортско неписмени луѓе.

Никогаш никаде не сме потцениле спортски резултат, од било кој спорт, нема ниту сега. Но како носители на историски најголемиот успех во македонскиот спорт од како Македонија е независна држава, како носители на најголем државен потенцијал таа историја да ја повториме, како носители на врвниот олимпизам во Македонија, сакаме јасно да укажеме на тоа дека олимпискиот спорт секогаш во секоја држава е над се, без можност да биде разгледуван поточно споредуван резултат од било кој друг неолимписки спорт со олимписки спорт. Без исклучок !

Верувам на сите познавачи на спортот им е јасно зошто во секоја држава на планетата олимписките спортови се над се останато, но ете ќе посочиме само две работи.

  1. Пеколна, најголема конкуренција. Бидејки станува збор на спортска трка помеѓу спортските системи на државите, не на клубови и федерации.
  2. Вклучен е цел државен систем директно, финаниски и логистички.

Кога сте дел од олимписки спорт, не се борите против клуб или репрезентација, туку против цел државен систем, национален државен спортски систем поткрепен со милијарди евра како оние на САД, Кина, Русија, Велика Британија, Кореа.

Како нај јасен пример по одност на тоа што значи олимписки а што неолимписки спорт ќе го посочам примерот кога Карате стана олимписки спорт. До тогаш, додека каратето стане олимписки спорт во Македонија имавме освоени медали од светски и евроопски првенства, па затоа многу луѓе очекуваа дури и медал од нашите каратисти од олимписките игри во Токио, само затоа што не беа свесни што значи олимпизмот. За само една година се вклучија цели државни апарати на светските карате сили, македонското Карате беше далеку и од олимписка норма, а не блиску до медал. Така е секогаш со секој спорт кога преоѓа од неолимписки во олимписки спорт. Олимпизмот приредува пеколна конкуренција, затоа важи правилото дека сон за секој спортист е да замине на олимписки игри. Најнапред е пекол да се донесе норма, медал е …

Во прилог ќе доставам официјални листи за избор на најдобри спортисти на неколку сериозни олимписки сили, намерно одбрани од наше опкружување, ОД КАКО ШТО ПОСТОИ ИЗБОРОТ ЗА СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА ДО ДЕНЕСКА ВО НИТУ ЕДЕН ОД ОВИЕ СЛУЧАИ НЕ Е ИЗБРАН СПОРТИСТ НА ГОДИНА ОД НЕОЛИПИСКИ СПОРТ !

Србија :

https://en.m.wikipedia.org/…/Awards_of_Olympic…

Бугарија :

https://en.m.wikipedia.org/…/Bulgarian_Sportsperson_of…

Хрватска

https://hr.m.wikipedia.org/…/Sporta%C5%A1i_godine…

Унгарија :

https://en.m.wikipedia.org/…/Hungarian_Sportspeople_of…

Словенија

https://en.m.wikipedia.org/…/Slovenian_Sportsperson_of…

 

Но во Македонија за жал тоа не е така, ние имаме спортско неписмен, крајно неписмен пристап и ете сме различни од сите останати. ЗАТОА СИТЕ ОСТАНАТИ ИМААТ КУП ОЛИМПИСКИ МЕДАЛИ, А НИЕ НЕМАВМЕ НИТУ ОЛИМПИСКА НОРМА 12 ГОДИНИ, ПА НЕ САМО НОРМА, НИЕ ДОНЕСОВМЕ МЕДАЛ И НЕКОЈ ОСТАНА НЕМ, ШОКИРАН !

Најважно, Македонскиот народ беше горд, исполнет !

Почитувани,

Дејан Георгиевски и Борче Костовски беа избрани за најдобар спортист и тренер на година после олимписките игри во Токио, само затоа што овие што избираат немаа каде. Немаа простор да наместат.

Дејан Георгиевски беше буквално изигран во изборот за спортист во 2017 година кога со сениорското злато од Европско Првенство требаше фуриозно да биде избран за спортист на годината, АМС и неуките избирачи му доделија измислена некаква специјална награда. Внимавајте, НА ПРВИОТ ЗЛАТЕН СЕНИОРСКИ МЕДАЛ ВО ОЛИМПИСКИ СПОРТ НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ОД КАКО МАКЕДОНИЈА Е НЕЗАВИСНА ДРЖАВА.

 

По се изгледа дека ќе мора повторно да одиме на олимписки игри за да немаат каде овие што избираат, ама ете олеснување за спортот е тоа што оваа година ќе им биде последна во која ќе може вака свесно да оштетуваат. Сето ова од следната година ќе биде исправено, јас гарантирам. Спортската неписменост ќе биде исправена со елементарна спортска писменост. Барем во ваков тип на избор за спортист на година од страна на АМС.

Само да ги поздравам АМС и оние спортско неписмени луѓе кои избираат или оштетуваат се исто. Резултатите на Дејан и македонското теквондо со овој ваш памет, за жал единствено ќе може само да ги сонувате. Ете цел живот олимписки игри ќе гледате само на телевизија и ќе читате по портали.

Вие сте сега, моментално тука, пролазни и брзо ќе ве заборават, олимпискиот медал од Токио, медалот од ЕОИ од годинава ќе останат вечно. Златна македонска спортска историја. Ете тоа е важното. Само лошо е за државата што со вакви спортско неписмени потези правите да страда кревкиот македонски спорт.

#Paris2024

За Македонија !

ПретходноМанчестер Сити доби казна од 120.000 фунти
СледноГолден Арт против Мулти Есенс на стартот на плеј-аут лигата