Веќе десет години минаа откако Михаел Шумахер се здоби со тешка повреда и светот речиси ништо да не знае за неговата здравствена состојба и како сега тој изгледа.
Па токму затоа само се шпекулира за славниот Михаел што и како, а некои пак “вадат“ негови непознати фотографии од пред дваесет години кога тој беше икона на Формула 1.
Па така деновиве излегоа заеднички фотографии на славниот Германец и Макс Верстапен, сегашниот светски првак. Тогаш Макс бил речиси бебе. Ретко кој можел да претпостави дека еден ден Холанѓанецот исто така ќе биде светски првак во Ф1.
Макс е син на Јос Верстапен, исто така некогашен возач во Ф1, кој имал исклучително добри односно со Михаел.
“Кога бев мал често нашите семејства ги минуваа празниците заедно. Тие денови, иако бев многу мал, ми се врежани во моите мисли“ истакна Макс.