Легендата Рикелме е избран за нов претседател на Бока Јуниорс

115

Еден од најголемите фудбалери во историјата на аргентинскиот фудбал Хуан Роман Рикелме е нов претседател на Бока Јуниорс. Тој освои 64% од гласовите победувајќи го другиот кандидат Андрес Ибара.
Поранешниот фудбалер беше потпретседател на Бока, а сега ќе биде прв човек. Рикелме беше играч на Бока од 1996 до 2002 година и потоа од 2007 до 2012 година.
Рикелме освои најмногу гласови во историјата на претседателските избори во клубот, а изборите ја одбележа контроверзна ситуација поради тоа што претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи го поддржа Ибара. Тоа наиде на незадоволство кај поголемиот дел од фановите на великанот од Буенос Аирес. На крајот победи нивниот миленик.

ПретходноЗаеднички фотографии на Макс Верстапен и Михаел Шумахер! (ФОТО)
СледноКике Санчез Флорес е новиот тренер на Севиља