“Меси или Роналдо? Лео го споредуваат со Марадона и Пеле, а Кристијано го споредуваат со Меси!“

2137

 

На денешен ден пред точно една година, на 18 декември 2022 година се одигра најубавото финале во историјата на светските првенства. Се одигра еден од најубавите натпревари во историјата на фудбалот. По тие 3:3, Аргентина успеа на пенали да ја победи Франција.

Трибините на „Лусаил“ во Катар просто зовреа, преку 89.000 фанови од кои 50.000 Аргентинци, беа во транс. Лео Меси конечно си го зема своето, пехарот што му недостигаше. Мбапе со три гола покажа дека е легитимниот наследник на Лео, иако беше поразен. Килијан покажа дека е наследникот на најдобриот во историјата.

Секој вистински фудбалски фан се радуваше за Лео, за Аргентина.

Мина точно една година, а како вчера да беше.

По тоа финале и дефинитивно запреа споредбите меѓу фановите кој е подобар, Меси или Роналдо.

И двајцата имаат пехари во ЛШ, и двајцата по неколку пати ја освојувале “Златната топка“, и двајцат освојувале титули на континенталните првенства со Аргентина и Португалија, но Лео има светска титула, а Кристијано не.

За крај на сите дилеми, да се потсетиме на една славна изјава на Христо Стоичков, легендата на Барса дадена пред неколку години:

“Ме прашувате кој е подобар, Меси или Роналдо? Па, вака, Лео го споредуваат со Марадона и Пеле, а Кристијано го споредуваат со Меси. Со ова сум кажал што мислам јас“ изјави Стоичков.

ПретходноФлуминенсе го “скрши“ Ал Ахли и се пласира во финалето на СКП!
СледноМанчестер Сити доби казна од 120.000 фунти