Радуловиќ: Нивната агресивна одбрана не натера на изгубени топки

158

Пелистер не успеа да дојде до победа на првиот меч од третиот балон во АБА2-лига. Македонскиот тим одигра добро прво полувреме, а потоа како да ја загуби целата енергија, па во клучните моменти влегуваше од грешка во грешка, на крајот поразот од Широки беше неизбежен.

По овој меч, тренерот на битолчани Дарко Радуловиќ потенцираше дека треба да обрнат повеќе внимание на скокот, кој веќе неколку мечеви е проблем.

„Честитки до екипата на Широки Бријег за победата. Мислам дека одигравме едно квалитетно прво полувреме. Во второто полувреме енергетски беа поквалитетни противниците и имавме проблем со скокот кој ни се повторува веќе некое време и треба на тоа да обрнеме повеќе внимание. Нивната агресивна игра во одбрана во второто полувреме не натера на изгубени топки и немавме решение за Нутал кој беше расположен и можеше да погоди од секојa позиција. Тука ја гледам причината за пораз. Немаше да биде незаслужено и да победиме со оглед на прикажаното во првото полувреме“, изјави Радуловиќ.

ПретходноГолден Арт против Мулти Есенс на стартот на плеј-аут лигата
СледноШмекерите од Џирона не го даваат врвот во Ла Лига! (ВИДЕО)