Иконата на Сан Антонио, Тони Паркер синоќа на мечот меѓу неговиот некогашен клуб и Њу Орлеанс доби голема честа. Имено “Спарс“ ја повлекоа “деветката“ како благодарност за се она што Французинот направи и постигна во дресот на Сан Антонио со бр. 9. Имено “деветката“ беше повлечена и никој веќе во иднина не ќе може да го носи тој број.
Да потсетиме дека Паркер беше член на Сан Антонио цели 17 години и заедно со Ману Џинобили и Тим Данкан испишаа златни страници на „Спарси“ и освои четири шампионски титули во НБА лигата.
Tony Parker's jersey is shining bright in the rafters of Spurs arena from now on☺️✨pic.twitter.com/RZLlsD4Piw
— BasketNews (@BasketNews_com) December 18, 2023