Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда ги засили своите редови со Американецот Фреди Гилеспи кој доаѓа од редовите на Баерн Минхен. Овој 26-годишен играч настапува на позиција центар, а пред германскиот тим, откако не бил драфтуван пробал преку развојната лига да избори место во НБА и играл за Торонто (20 меча) и за Орландо (9 меча).
Одлучил шансата да си ја побара во Европа, а оваа година направи трансфер во Баерн. Гилеспи во Баерн беше поддршка на ветеранот Серж Ибака, а сега очекува да добива поголема минутажа во Звезда.