Давид Алаба го чека долга, долга пауза. Веројатно најмалку 7-8 месеци, што значи дека заврши сезоната за дефанзивецот на Реал Мадрид. Тој вчера на мечот против Виљареал тешко се повреди и мораше предвреме да го напушти теренот.
Инаку ова значи дека Алаба нема да игра за својата решрезентација на ЕУРО 2024, за Австрија која е во група со Холандија, Франција и победникот од плеј-офот од А во ЛН, што секако дека е страшен удар за оваа селекција ако се знае дека Алаба е најдобриот фудбалер на оваа репрезентација.
Интересно, за само 3-4 месеци Алаба е третиот фудбалер на Реал кој ги повредува вкрстените лигаменти.