Јувентус го продава Влаховиќ и со парите ќе проба да купи напаѓач на Леверкузен

405

Според пишувањата на италијанските медиуми Јувентус ќе проба да го продаде Душан Влаховиќ во јануарскиот преоден рок и потоа парите да ги пренасочи кон купување на напаѓачот на Баер Леверкузен Виктор Бонифасе. Српскиот напаѓач се мачи во Јувентус и никако да ја крене формата и да ги оправда 80-те милиони евра вложени во него.
Според „Кориере дело Спорт“, директорот на Јуве Кристијано Џунтоли ќе проба да го продаде фудбалерот во јануари. Потоа да тргне по Бонифасе кој има 14 голови и 7 асистенции во 21 меч сезонава за Баер. Нигерискиот напаѓач има цена од 40 милиони евра.
Џунтоли го посакувал Бонифасе уште кога тој играл за Унион Сен Жилоа, но тогаш играчот одлучил да игра во Бундес лигата.

ПретходноЦрвена Звезда има нов центар – дојде од Баерн Минхен!
СледноМанев ја заврши авантурата во Осијек, турскиот тим ја активираше клаузулата