Вембањама до нов рекорд, ама Сан Антонио доживеа дебакл, ужасен настап на Кари, Јанис за историја! (ВИДЕО)

209

Синоќа се одиграа неколку натпревари во НБА. Уште еднаш во центарот на вниманието беше тинејџерот Виктор Вембањама кој испиша историја. Имено тој е првиот тинејџер во НБА лигата кој има осум врзани дабл – дабл. Претходно рекордот го држеше Двајт Хауард со седум во таа 2005 година.

Сепак Сан Антонио доживеа дебакл, бадијала добрата игра на Вембањама зошто неговиот тим беше поразен со неверојатни 110:146 од Њу Орлеанс.

Чудно, но вистинито. Стеф Кари после 1.865 денови или 268 натпревари, остана без тројка. Шутираше осум пати најдобриот играч на Голден Стејт и не погоди. Но сепак неговиот тим славеше против Портланд со 118:114 како гости.

На останатите мечеви се постигнаа следните резултати:

Бостон – Орландо 114:97, Милвоки -Хјустон 128:119, Феникс – Вашингтон 112:108.

Кога сме кај Милвоки да кажеме дека Јанис Адетокумбо со 17 скокови сега е најдобриот скокач на “Бакси“ во историјата.

ПретходноЕлмас и Наполи денеска ќе го дознаат противникот во 1/8 финалето во ЛШ!
СледноСтоилковска со нов скок од 24 места на ВТА листата, Ивановски со пад на АТП листата од 16 места!