Голден Арт против Мулти Есенс на стартот на плеј-аут лигата

87

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се изврши извлекување на натпреварувачки броеви на екипите учесници и во плеј-аут фазата на Суперлигата.

Во плеј-аут сегментот со по три бода влегоа Еурофарм Пелистер 2 и Голден Арт, по два бода пренесоа Аеродром и Прилеп, а по еден Куманово и Мулти Есенс.
Ова се двојките од првото коло:
Голден Арт – Мулти Есенс
Прилеп – Скопје 2020
Аеродром – Еурофарм Пелистер 2
Куманово – Вардар Неготино

Почетокот на разигрувањето е предвидено за почетокот на февруари 2024 година.

ПретходноДарко Костовски: Вие оштетувајте, ние ќе продолжиме да пишуваме МАКЕДОНСКА спортска историја!
СледноРадуловиќ: Нивната агресивна одбрана не натера на изгубени топки