Играчот за врска на Фулам и репрезентацијата на Португалија, Жоао Палиња е трансфер цел во јануарискиот преоден рок на два гигантим на Ливерпул и Манчестер Сити.
Како што велат медиумите на Островот и двајцата стратези, Јирген Клоп и Пеп Гвардиола се силно заинтересирани за него. Цената е не така мала, 70 милиони евра се потребни за да се реализира овој трансфер, но тие пари не се проблем за Ливерпул, а посебно не за Манчестер Сити.
Интересно е тоа што Палиња во летниот преоден рок беше на чекор до трансфер во Баерн Минхен.