Манчестер Сити доби казна од 120.000 фунти

350

Дисциплинската комисија на Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го казни Манчестер Сити со 120.000 фунти, откако неговите играчи го опколија судијата за време на неодамнешното реми 3:3 со Тотенхем во 14. коло од Премиер-лигата.

„Манчестер Сити е обвинет за прекршување на правилото Е20.1 на ФА. Во текот на 94. минута од натпреварот клубот не успеа да се погрижи неговите играчи да не се однесуваат несоодветно“, соопшти ФА.

Длабоко во судиското надополнување, при резултат 3:3, Ерлинг Халанд, иако под прекршок, успеа да му ја додаде топката на Џек Грилиш, кој ја прифати на противничката половина и имаше отворен пат кон голот. Сепак, судијата Сајмон Хупер реши да ја прекине акцијата и да досуди слободен удар за Сити и затоа не го испочитува водството.

Тоа ги вознемири играчите на Сити, кои го опколија судијата и жестоко му приговараа. ФА отвори постапка, а сега го казни и актуелниот шампион на Англија.

Сити е на четвртото место во англискиот шампионат со 34 бодови, пет помалку од водечкиот Арсенал. Тотенхем е петти со 33 бода.

Претходно“Меси или Роналдо? Лео го споредуваат со Марадона и Пеле, а Кристијано го споредуваат со Меси!“
СледноДарко Костовски: Вие оштетувајте, ние ќе продолжиме да пишуваме МАКЕДОНСКА спортска историја!