Стоилковска со нов скок од 24 места на ВТА листата, Ивановски со пад на АТП листата од 16 места!

86

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска на денешната нова ранг-листа има скок од 24 места и се наоѓа на 1206. то место со 9 поени. Ова се должи на настапите на фјучрс турнирите во изминатиот период во Шарм Ел Шеик.

Лина Ѓорческа со 357 поени (нема промена) се наоѓа на 216. то место (пад за една позиција) во поединечна конкуренција, додека во игра на двојки Ѓорческа со 226 поени е рангирана на 367. то место (пад за четири места).

На денешната АТП листа македонските тенисери имаат пад од неколку места. Најдобар ранг во поединечна конкуренција има Калин Ивановски, кој се наоѓа на 325. то место со 159 поени (14 поени помалку од претходната недела) и пад за 16 позиции. Горазд Србљак има пад од седум места и се наоѓа на 1.054.то место со 10 поени, додека Обрад Марковски е рангиран на 1.465.то место (пад за седум позиции) со 3 поени.

Во конкуренција на двојки Ивановски е на 674. то место со 71 поен (пад за пет позиции), додека Берк Бугариќ е на 1.356.то место со 16 поени (пад за осум места). Марковски се наоѓа на 1.617.то место со 9 поени (пад за 9 места), а Елдин Хусеиновиќ се наоѓа на 2.114.то место со 3 поени (пад за дванаесет месеци).

ПретходноВембањама до нов рекорд, ама Сан Антонио доживеа дебакл, ужасен настап на Кари, Јанис за историја! (ВИДЕО)
СледноАдеми по дербито: Грдо е да се види табелата!