УЕФА го објави комплетниот распоред за осминафиналето во ЛШ

1645

Денеска беше одржана ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите, а во текот на попладневните часови УЕФА го објави комплетниот распоред.

Натпреварите од осминафиналето се играат од 13 февруари до 13 март, како и претходните години, поради поголемиот број ТВ преноси се играат по два натпревари секој ден.

Да потсетиме, ова е последна сезона во Лигата на шампионите во ваков формат, а големото финале е закажано за 1 јуни на „Вембли“.

Распоред на натпреварите од осминафиналето:

13 февруари:Копенхаген – Манчестер Сити, РБ Лајпциг – Реал Мадрид

14 февруари: ПСЖ – Реал Сосиедад, Лацио – Баерн Минхен

20 февруари: Интер – Атлетико Мадрид, ПСВ – Борусија Дортмунд

21 февруари: Порто – Арсенал, Наполи – Барселона

5 март: Реал Сосиедад – ПСЖ, Баерн Минхен – Лацио

6 март: Манчестер Сити – Копенхаген, Реал Мадрид – РБ Лајпциг

12 март: Арсенал – Порто, Барселона – Наполи

13 март: Атлетико Мадрид – Интер, Борусија Дортмунд – ПСВ

ПретходноАБА2: Пелистер снема сили кога беше најпотребно!
СледноВо РК Вардар не размислуваат за нов голман: Томовски и Гогов се доволни!