Интер ги објави првите фотографии од проектот на новиот клупски стадион со капацитет од 70,000 места за седење и притоа ги вклучи навивачите во гласањето. Овој проект „нероаѕурите“ го планираат во областа Роцано, а тој е потпишан од истата фирма која стои зад новиот стадион на Тотенхем.
Претходно истата фирма им дала опција за нов стадион на местото на „Сан Сиро“ после 2026 година, но идејата пропаднала па миланските клубови работат на два различни проекти за стадиони. Двата клуба сакаат сопствени стадиони без да го делат.
Во овој проект ќе има големи зелени површини, ресторани и продавници замислен како спортски град во чиј склоп би била и зградата за клупската управа. Од клубот соопштија дека местото е интегрирано со инфраструктурата на Милано што значи дека многу лесно се стигнува до него од центарот на градот.
Фановите можат да гласаат и да даваат мислења за овој проект како и предлози како да се доусоврши.