Нотингем го отпушти Купер, на негово место седнува Санто

205

Англиски Нотингем Форест одлучи да го смени менаџерот. Како што потврдија од Нотингем, Стив Купер доби отказ по нешто повеќе од две години на клупата, а на негово место ќе дојде Нуно Еспирито Санто, за што се уште се чека официјална потврда, но практично се е договорено.

Санто е познато име во Англија, откако се прослави на клупата на Вулверхемптон. Последен пат работеше во Саудиска Арабија, но не се прослави на клупата на Ал Итихад, бидејќи имаше лоши односи со тимот и особено со Карим Бензема.

Нотингем Форест е прв над линијата во Премиер лигата, со 14 бодови, а подолу се само Лутон со девет и Барнли и Шефилд Јунајтед со по осум.

ПретходноНов скандал во Турција: Претседателот на Истанбулспор ги повлече фудбалерите од терен
СледноБелград ќе биде домаќин на ЕП во пливање следната година