По повредата на коленото, Тибо Куртоа одлучи дека нема да брза со враќањето на терените и ќе го пропушти ЕВРО 2024. Ова денеска лично го соопшти белгискиот голман на Реал Мадрид.
„По тешката повреда решив дека нема да носам избрзани одлуки и ќе го пропуштам Европското првенство во Германија следната година. Целта е да се опоравам 100%, иако е можно да учествувам на некој од натпреварите во мај. Сепак, нема шанси да сум подготвен за толку голем настан како ЕП“, изјави Кутоа.