Синоќа во големот португалско дерби Спортинг на свој терен во Лисабон успеа да го победи Порто со 2:0. Стрелци на головите беа Ѓокереш и Гонзалвес, но сепак централна фигура беше фамозниот Пепе, кој сега го носи дресот на Порто. Познат по своите глупости и иако веќе има 40 години и натаму е главен провокатор и тепач на теренот.
Прво во 15.минута заработи опомена, за да во 51.минута судијата му додели директен црвен картон откако му удри шлаканица на Матеус Реис.
Се разбира дека потоа искусниот стопер се правдаше дека не било намерно.
🚨| PEPE STRAIGHT RED CARD AGAINST SPORTING LISBON
pic.twitter.com/5WPcdZGRoo— Red Card Alert (@collinabanter) December 18, 2023