Откако имаа фантастична година, шампиони на Македонија за сезоната 2022/23 и есенски прваци за сезоната 2023/24, фудбалерите и стручниот штаб на Струга ТЛ во моментов се на заслужен одмор.
Сепак планот за тоа како ќе се одвиваат зимските подготовки веќе е подготвен. Се знае дека главната фаза ќе се одработи во Анталија, каде шампионот ќе престојува од 20 јануари до 3 февруари.
Таму, во познатоиот спортско туристички центар, стружани ќе одиграа 4-5 контролни мечеви со силни противници.
Секако дека за фановиге на Струга ТЛ интересно е тоа со кои играчи тимот на стратегот Шпетим Дури би можел да се засили. Од раководството на клубот, па и од самиот Дуро, има неофицијални коментари дека Струга ТЛ има добар тим, има баланс во екипата, но дека е се неопходни двајца квалитетни играчи пред се по еден во дефанзивата и во средниот ред, додека нападот е добро “покриен“.
Тоа значи дека зимскиот преоден рок нема да биде премногу интересен за шампионот.