Даниел Аврамовски ја заврши својата одисеја во Сараево. Со објава на социјалните мрежи нашиот интернационалец потврди дека заминува од еден од босанските великани.
„По две години поминати во Сараево дојде време за заминување. Горд сум што бев дел ваков клуб Сараево ми прирасна на срцето и со радост ќе го посетувам. Им благодарам на сите кои ми беа поддшрка, особено на навивачите кои одлично ме прифатија. На клубот му посакувам се најдобро во иднина“, напиша Аврамовски на социјалните мрежи.