Белград ќе биде домаќин на ЕП во пливање следната година

128

Челниците на Европската пливачка организација (ЛЕН) одлучија Европското првенство во пливање следната година да се одржи во Белград, од 10 до 23 јуни.

Првично, ова првенство требаше да се одржи во Казан, Русија, но откако започна војната во Украина и сите меѓународни натпревари на кои требаше да биде домаќин Русија автоматски беа одложени, челниците на ЛЕН доделија нов домаќин.

Освен во пливање, Белград ќе биде домаќин и на натпревари во синхронизирано пливање и скокови во вода, како и во далечинско пливање. Првенството во Белград ќе биде и последна можност за натпреварувачите во овие спортови да го исполнат олимпискиот стандард, пред Игрите што ќе се одржат во Париз.

ПретходноНотингем го отпушти Купер, на негово место седнува Санто
СледноПСЖ потпишува со дефанзивец на Сао Пауло