Бернардо Силва: Уморен сум, за нас нема ни Божиќ ни лето

985

Играчот на Манчестер Сити, Бернардо Силва е еден од низата играчи и тренери кои го критикуваше фудбалскиот календар. Пред некој ден беше познато дека Светското клупско првенство ќе се игра речиси еден месец поради учеството на 32 клуба. Поради тоа некои играчи, како на пример во Премиер лигата, можат да одиграат повеќе од 80 натпревари во сезона.

Се обидуваме да си ја вршиме работата, но вистината е дека бројот на натпревари кои ги играме сега, и уште повеќе со најавата за нов турнир. Фудбалерите не мируваат доволно и ризикот од повреди значително се зголемува.

Со толку многу средби, играта ќе го изгуби интензитетот. Светското клупско првенство е врвен турнир, не се жалам, но со овој напорен распоред тешко е да останете фит и да ја имате потребната енергија.

Нема да лажам, понекогаш се чувствувам уморен. Играме на секои три дена, без пауза. Немаме Божиќ, немаме лето. Но, ова е цената што треба да ја платите за да играте во врвен клуб и да се борите за сите титули. На крајот на краиштата, нашиот сон беше да играме на ова ниво“, изјави Бернардо Силва.

ПретходноТрабзон го стави Барди на трансфер листа
СледноЦветковски го продолжи договорот со Бутел