Леброн за неколку дена ќе наполни 39.години, а сеуште игра фантастична кошарка! (ВИДЕО)

57

Леброн Џејмс во историјата на НБА важи за еден од најдобрите кошаркари. Некои дури го сметаат за подобар и од Мајкл Џордан. И тој Леброн иако за десет дена ќе полни 39 години, роден е на 30 декември 1984 година, сеуште игра фантастична кошарка. Пред некој ден на своите Лејкерси им го донесе првиот Куп во НБА а синоќа против Њујорк иако неговиот тим беше поразен, тој одигра како да има 28 а не 38 години. Успеа да дојде до својот 109.трипл-дабл во кариерата и тоа со 25 поени и по 11 скокови и асистенции.

Оваа сезона за Леброн е вкупно 21 во НБА.

Секоја чест.

ПретходноСпоред Трансфермаркт: Гостивар го има вториот најскап тим во ПМФЛ, а Вардар убедливо најефтиниот!
СледноСтоле се најде во топ 5 одбрани во Ла Лига