Се чини дека на лето Лука Модриќ ќе си замине од “Сантијаго Бернабеу“. Секако дека треба да мисли и на иднината па добро ќе му дојде да одигра сезона – две во С. Арабија од каде летоска имаше баснословна понуда вредна 200 милиони евра и тоа за тригодшиен договор.
Сепак последните информации од С. Арабија, како и од Шпанија, велат дека сега таа понуда драматично се намалила, да не кажеме дошла до мизерни рамки.
Имено сега Саудијците му нудат на Хрватот само 15 милиони евра по сезона, што секако дека е премалку ако се знае колкави се примањата на годишно ниво на останатите ѕвезди кои играат во С. Арабија.