Уште еден фудбалски скандал во Турција. Откако неодамна цел свет зборуваше за претседателот на Анкарагучу, Коџа и неговиот напад над судијата Халил Умут Мелер, денеска вниманието повторно беше свртено кон еден претседател на фудбалски клуб. Овој пат тоа е првиот човек на Истанбулспор, Ехмел Фаик Саралиоглу, кој реши да го повлече својот тим од теренот за време на мечот со Трабзонспор и не дозволи да се доигра натпреварот.
Инцидентот се случи во 74. минута од натпреварот. Гостите од Трабзонспор водеа со 2:1, а претседателот на домашните незадоволен од развојот на натпреварот им нареди на своите играчи да го напуштат теренот. И играчите на домашниот тим во чии редови настапува и Валон Етеми се обидоа да го одвратат Саралиоглу да се премисли и да дозволи играта да продолжи. Неговиот колега Ертугрул Доган, исто така, слезе на теренот да разговара со него, а еден од играчите на Истанбулспор, Симон Дели, дури и падна на колена пред шефот, но тој беше непопустлив и мечот беше прекинат.
Only in Türkiye: İstanbulspor Simon Deli begs clip president after he decides to withdraw the team from the field (after a mildly controversial non-penalty call followed by a Trabzonspor goal)
Süper Lig has completely lost the plot. pic.twitter.com/PlZhfbcii2
— Çetin Cem Yılmaz (@cetincem) December 19, 2023