И на славните понекогаш не им се отворени сите врати. Посебно кофга станува збор за строгите правила на УЕФА. Па така една таква непријатност пред вчерашната ждрепка во Нион за ЛШ, пред салата, имаше и иконата на Интер, Хавиер Занети кој сега е еден од првите луѓе на клубот од Милано.
Занети ја заборавил акредитацијата и долго време го убедуваше човекот од обезбедувањето да го пушти. А овој не сакаше да попушти, нема што, човекот само си ја вршеше својата работа.
Без акредитација нема шанси било кој да влезе, па макар биле и Чеферин и Маркети. Сепак Занети се снајде, влезе во салата а таму дозна дека ривал на Интер во 1/8 финалето во ЛШ ќе му биде Атлетико Мадрид и Диего Симеоне, неговиот сонародник и негов клупски соиграч од времето кога и двајцата играа за “неро-аѕурите“.
They really wouldn’t let Zanetti into the UCL draw because he didn’t have credentials…🙃
pic.twitter.com/wxLu5DQbUu— Italian Football TV (@IFTVofficial) December 18, 2023