Реал Мадрид не планира да купува нов одбранбен фудбалер кој ќе го замени повредениот Давид Алаба, пренесува „Марка“. 31-годишниот Австриец се повреди на мечот со Виљареал (4:1) со тоа што ги скинал лигаментите на левото колено. Тоа значи и долга пауза за Алаба, но раководството не планира да ангажира нови играчи и покрај тоа што Австриецот и другиот дефанзивец Едер Милитао се повредени.
Реал ќе се потпре на Антонио Ридигер и Начо кои треба да ја завршат работата, а нивна поддршка треба да биде Орелиен Чуамени.
Инаку сезонава Алаба одигра 17 натпревари.
Другите повредени Винисиус, Каманвинга и Арда Гулер ќе се вратат по божиќните празници. Ферлан Менди ќе се врати на почетокот на јануари.