Кошаркарите на Црвена звезда убедливо загубија на домашен терен во мечот од 15. коло од Евролигата против великанот, Реал (М). Шпанците славеа со 72:58, продолжувајќи ја импресивната серија во Белград.
„Црвено-белите“ добро го започнаа вечерашниот меч, водеа во поголемиот дел од првиот дел, но на крајот беше нерешено. Подоцна Реал ја заврши работата рутински, се искачи на +19 и без проблем стигна до нов триумф.
Хезоња беше најистакнат кај победниците со 17 поени и 10 скока. Кај Звезда по 14 поени на Митровиќ и Теодосиќ. Ханга постигна 10.