Според Трансфермаркт: Гостивар го има вториот најскап тим во ПМФЛ, а Вардар убедливо најефтиниот!

3281

Во пресрет на зимскиот преоден рок во ПМФЛ, во кој некои клубови најавуваат екстра засилувања и големи инвестиции, убаво е да се види во моментов според Трансфермаркт, кој го има најскапиот тим. Поточно во моментов кој од клубовите според играчкиот кадар колку чини.

Се разбира дека и натаму лидер на оваа табела е Шкендија, но сензационално е тоа што Гостивар е втор и веројатно многу брзо ќе ги надмине и тетовци.

Од друга страна, секако очекувано, Вардар со своите проблеми, е убедливо најефтиниот тим во ПМФЛ.

Сепак еве како изгледа табелата, секако со севкупната цена на играчите во тимовите:

ТАБЕЛА СПОРЕД ТРАНСФЕРМАРКТ:

Шкендија 5,48 милиони евра

Гостивар 4,29

Шкупи 4,20

Струга ТЛ 3,77

Брера 3,77

Работнички 3,75

Силекс 3,72

Брегалница 3,41

Македонија ЃП 3,28

Тиквеш 3,25

Воска 3,16

Вардар 2,27

ВКУПНО: 44,32 милиони евра

ПретходноЛетоска на Модриќ му нудеа 200 милиони евра за три години, а сега само 15 милиони по сезона!
СледноЛеброн за неколку дена ќе наполни 39.години, а сеуште игра фантастична кошарка! (ВИДЕО)