Трабзон го стави Барди на трансфер листа

401

Враќањето на Абдула Авчи на кормилото на Трабзон повторно му создаде проблеми на македонскиот репрезентативец Енис Барди. Тој не играше често кога Авчи претходно беше тренер, под раководство на Ненад Бјелица македонскиот репрезентативец беше стандарден. Но откако се врати Авчи, Барди повторно е на клупата, но не само тоа, тој е ставен на листата од шест фудбалери кои во јануари ќе треба да си одат.
За Барди има интерес и се очекува нашиот играч бргу да најде нов клуб. Се шпекулира со Унион Берлин каде што тренер е Ненад Бјелица, или во некој друг германски или шпански клуб.

ПретходноСтоле се најде во топ 5 одбрани во Ла Лига
СледноБернардо Силва: Уморен сум, за нас нема ни Божиќ ни лето