Фросиноне го посрами Наполи и го елиминираше од Купот на Италија

270

Фудбалерите на Наполи трета година по ред се елиминирани во осминафиналето на Купот на Италија. Вечерва на нивниот стадион „Диего Армандо Марадона“, наполитанците загубија од Фросиноне со резултат 0:4.

По првите 45 минути немаше голови и немаше многу шанси, но во вториот дел следеше вистинска катастрофа за наполитанците, откако во игра влегоа – Осимен, Кварацхелија, Лоботка, Ди Лоренцо… Во 65. минута Баренчеа ја искористи асистенцијата на Гаритано за 0:1, а веќе во 70. минута по катастрофалната реакција на одбраната на Наполи, Кано зголеми на 0:2.

Додека Наполи тргна на се или ништо во финишот, одбраната беше целосно разбиена. Во 91. минута Чедира погоди од пенал за 0:3, а Харуи во последните моменти од средбата ги постави конечните 0:4.

ПретходноПартизан продолжува да реди победи во Евролигата
СледноЧелзи по пенали до полуфинале во Лига Купот на Англија