Челзи по пенали до полуфинале во Лига Купот на Англија

246

Фудбалерите на Челзи се пласираа во полуфиналето на Лига купот на Англија откако на пенали го совладаа тимот на Њукасл. Во регуларниот дел од мечот Челзи во последните моменти се избори за 1:1, а по изведување на пеналите славеше со 4:2.

Херој на “сините” на Стемфорд Бриџ беше српскиот голман Ѓорѓе Петровиќ, кој го одбрани четвртиот удар од белата точка на Њукасл. Гостите поведоа во 16. минута со голот на Калум Вилсон, а Челзи израмни со голот на Мудрик во втората минута од продолжението.

Вечерва ќе слави и Фулам кој стигна до првото полуфинале во ова натпреварување. Малиот лондонски тим на пенали го елиминираше Евертон. И на овојмеч во регуларниот дел беше 1:1.

Понатаму продолжува и второлигашот Мидлсборо кој убедливо славеше на гостински терен против третолигашот Порт Вејл со 3:0.

Последниот дуел од четвртфиналето на Лига купот на Англија меѓу Ливерпул и Вест Хем е закажан за утре од 21 часот.

ПретходноФросиноне го посрами Наполи и го елиминираше од Купот на Италија
СледноИбрахимовиќ не смее да влезе во соблекувалната на Милан