Шампионот главната фаза од зимските подготовки ќе ја одработи во Анталија!

314

Откако имаа фантастична година, шампиони на Македонија за сезоната 2022/23 и есенски прваци за сезоната 2023/24, фудбалерите и стручниот штаб на Струга ТЛ во моментов се на заслужен одмор.

Сепак планот за тоа како ќе се одвиваат зимските подготовки веќе е подготвен. Се знае дека главната фаза ќе се одработи во Анталија, каде шампионот ќе престојува од 20 јануари до 3 февруари.

Таму, во познатоиот спортско туристички центар, стружани ќе одиграа 4-5 контролни мечеви со силни противници.

Секако дека за фановиге на Струга ТЛ интересно е тоа со кои играчи тимот на стратегот Шпетим Дури би можел да се засили. Од раководството на клубот, па и од самиот Дуро, има неофицијални коментари дека Струга ТЛ има добар тим, има баланс во екипата, но дека е се неопходни двајца квалитетни играчи пред се по еден во дефанзивата и во средниот ред, додека нападот е добро “покриен“.

Тоа значи дека зимскиот преоден рок нема да биде премногу интересен за шампионот.

ПретходноОна кога човекот од обезбедувањето го убедуваш дека си Занети, а тој ти бара акредитација! (ВИДЕО)
СледноУжас за голманот на ПСЖ: Крадци му влегле во домот, се заканувале дека ќе ги убијат, сопругата ја претепале!