Ѓорческа новата 2024 година ќе ја почне со настап на Австралија Опен

117

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа новата календарска година ќе ја стартува со настап на квалификациите на Грен Слем турнирот Австралија Опен во Мелбурн. Ова за Ѓорческа ќе биде втор настап на квалификациите на овој Грен Слем турнир, откако во 2017 година беше на чекор до пласман на главниот турнир, бидејќи загуби во третото квалификациско коло од првата носителка во квалификациите Стефани Вегел од Швајцарија со 2-1 во сетови (46, 63, 62).

Ова за Ѓорческа ќе биде седми настап во квалификации на Грен Слем турнир (три на УС Опен, и по еден на Австралија Опен, Ролан Гарос и на Вимблдон).

Квалификациите за првиот Грен Слем турнир почнуваат на 8. јануари, а турнирот стартува на 14. јануари.

Македонската тенисерка веднаш по Нова година ќе патува за Австралија.

ПретходноАврамовски и официјално си замина од Сараево
СледноЕвролигашки спектакл: Комплетно распродаден Ф4 турнирот во Берлин!